Операцијата на Ноа Ланг беше успешна, а играчот на Галатасарај проговори од болницата по сериозната повреда што ја доби во последните моменти од натпреварот против Ливерпул.
На почетокот, изгледаше како безопасна ситуација – Ланг се обиде да забави и да ја одржи рамнотежата потпирајќи се на оградата до теренот. Сепак, само момент подоцна стана јасно дека станува збор за сериозен проблем. Играчот почна да вреска од болка, а противничките играчи, како и неговите соиграчи, веднаш doтрчаа да му помогнат.
Сцената беше вознемирувачка за сите присутни, а набрзо беше утврдено дека палецот на Ланг се заглавил меѓу два панела од оградата што не беа правилно прицврстени. Во првите моменти, дури имаше и страв дека може да го изгуби прстот.
По добивањето на прва помош зад голот, Ланг беше итно префрлен во болница каде што беше опериран. Веќе следниот ден, тој се огласи преку социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од болничкиот кревет со кратка порака:
„С..ња се случуваат работи.“
Целиот случај предизвика дополнително внимание, па претставници на УЕФА и Ливерпул извршија инспекција веднаш по натпреварот. Ќе биде покрената истрага за да се утврди дали станува збор за нарушување на безбедноста или за несреќен сплет на околности.
Галатасарај веќе презеде конкретни чекори:
„По натпреварот поднесовме жалба до претставниците на УЕФА. Тие самите ги проверија сите детали. УЕФА ќе ги презентира своите проценки“, рече генералниот секретар на клубот, Ерај Јазган.
Тој додаде и дека клубот разгледува правни опции:
„Разговараме со адвокати. Ќе поднесеме тужба за да бараме отштета од УЕФА. Ќе бараме отштета за повредата.“


