Македонија против Кипар и Австрија во втората рунда од претквалификациите за ЕП 2029

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби противниците во втората рунда од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029. Според денешната ждрепка, нашата селекција ќе настапува во групата „Ф“, заедно со репрезентациите на Кипар и Австрија

Прегледи:

Датум:

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби противниците во втората рунда од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029. Според денешната ждрепка, нашата селекција ќе настапува во групата „Ф“, заедно со репрезентациите на Кипар и Австрија.

По максималниот учинок во првата претквалификациска фаза следи нов предизвик на патот кон Европското првенство.

Во втората претквалификациска рунда ќе се игра по двокружен систем, односно секоја репрезентација ќе одигра по четири натпревари – по два на домашен и на гостински терен. Натпреварите ќе се играат во трите ФИБА „прозорци“ – во август и ноември 2026 година, како и во февруари 2027 година.

Пласман во квалификациите за Евробаскет 2029 ќе обезбедат победниците на четирите групи.

Состав на групите:

Група Д

Данска
Романија
Бугарија

Група Е

Швајцарија
Велика Британија
Словачка

Група Ф

Кипар
Австрија
Македонија

Група Г

Белгија
Чешка
Норвешка

Македонија ќе го започне новиот квалификациски циклус на 30 август, а четирите натпревари од оваа фаза ќе бидат клучни во борбата за место во главните квалификации за ФИБА Евробаскет 2029.

Поради тоа што групата брои три репрезентации, Македонија ќе биде слободна во првото коло, а настапите ќе ги започне на 30 август 2026 година со гостување кај Австрија.

Првиот домашен натпревар нашата најдобра селекција ќе го одигра на 26 ноември 2026 година, кога ќе го пречека Кипар. Во февруарскиот квалификациски прозорец од 2027 година, Македонија најнапред ќе биде домаќин на Австрија, а циклусот ќе го заврши со гостување на Кипар.

Распоред на натпреварите – Група „Ф“

1. коло (27 август 2026)

Кипар – Австрија

Македонија е слободна

2. коло (30 август 2026)

Австрија – Македонија

3. коло (26 ноември 2026)

Македонија – Кипар

4. коло (29 ноември 2026)

Македонија е слободна

5. коло (25 февруари 2027)

Македонија – Австрија

6. коло (28 февруари 2027)

Кипар – Македонија

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...