Македонија против Луксембург брка нова победа во претквалификациите за ЕП 2029

Кошаркарската репрезентација на Македонија го продолжува својот пат кон Европското првенство кое во 2029 година ќе се игра во четири земји - Естонија, Шпанија, Словенија и Грција.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарската репрезентација на Македонија го продолжува својот пат кон Европското првенство кое во 2029 година ќе се игра во четири земји – Естонија, Шпанија, Словенија и Грција.

Вечерва нашиот национален тим ќе го одигра третиот натпревар од првата, групна фаза од групата „А“ од претквалификацииге за Евробаскeтот 2029 година, а за противник ја има селекцијата на Луксембург.

Селекторот Берокал се одлучи на натпреварот против репрезентацијата на Луксембург да играат: Војдан Стојановски, кој ќе биде и капитенот на тимот, Андреј Магдевски, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марин Петков, Виктор Ефремовски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Јакимовски, Етан Хап и Теодор Симиќ.

Досега двете репрезентации одиграле четири натпревари и сите четири нашите кошаркари ги решиле во своја корист.

Натпреварот кој се игра во салата „Градски парк“ во Скопје, почнува од 18:00 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...