„Го проколнувам денот кога дојде“: Арнаутовиќ пристигна како мегаѕвезда, а сега се најде на удар на навивачите на Звезда

Црвена Звезда загуби од Лил со 2:0 во реваншот од плејофот за ЕЛС синоќа по продолженија и беше елиминирана од Европа.

Прегледи:

Датум:

Црвена Звезда загуби од Лил со 2:0 во реваншот од плејофот за ЕЛС синоќа по продолженија и беше елиминирана од Европа.

Српскиот шампион славеше со 1:0 во првиот натпревар во Франција, но одигра многу слаб натпревар во реваншот и се збогува со Европа.

Особено лош беше Марко Арнаутовиќ, најголемата ѕвезда на тимот, кој играше под секое ниво, а по натпреварот се најде на удар од навивачите на социјалните мрежи.

Арнаутовиќ е најмногу критикуван за неговиот недостаток на посветеност и многу негативна енергија за време на натпреварот, а навивачите не го поштедија.

„Го проколнувам денот кога дојде“, „Тој е главниот виновник за испаѓањето“, „Дојде за пари. Без посветеност, без трчање, продава гастарбајтерски финти“, се само дел од коментарите на лутите навивачи.

Арнаутовиќ дојде во Црвена Звезда минатото лето од Интер како слободен агент. Тој доби огромен договор од два милиони евра по сезона (плус бонуси), а на 23 натпревари постигна шест гола и имаше седум асистенции.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...