Малинков: „Со максимален пристап и залагање до победата“

Шефот на стручниот штаб на гевгелискиот клуб Кожув, Љупчо Малинков пред дуелот со Маџари во Националниот кошаркарски Куп, изјави дека противникот е млад тим кој може да игра со секого и може да го добие секого.

0
7
КФСМ

„Со еден максимален пристап и залагање, мислам дека на крајот ќе извојуваме победа“, порача Малинковски на официјалната прес-конференција, цитиран од КФСМ.

Минатата сезона, екипата од Гевгелија на домашен терен, стигна до финалето во Купот.

Кошаркарот на екипата, Никола Бојчев ги повика сипматизерите на Кожув даа дојдат во поголем број во Куманово и да му дадат сериозна поддршка на тимот во обидот да се помине првата пречка на завршниот турнир.