Тренерот на Маџари: „Купот носи изненадувања, се надевам дека тоа ќе бидеме ние“

Миодраг Тодоровиќ, тренерот на новакот во суперлигашката конкуренција Маџари, пред настапот во националниот Куп, во кој за противник ја имаат екипата на Кожув во четвртфиналето, вели дека натпреварувањето носи изненадувања, и се надева дека тоа ќе биде неговиот тим.

0
4
КФСМ

„Маџари против секој противник сака да победи. Го респектираме секого, така и екипата на Кожув која има одлични и странски и домашни играчи. Ние сме дебитанти на ова Куп-натпреварување, но нашата амбиција ја знаеме. Купот носи изненадувања, се надевам дека тоа ќе бидеме ние и ќе го дадеме максимумот“.

Ивица Димчевски ќе го претставува искуството на екипата која за прв пат е во една ваква ситуација, да биде дел од завршниот турнир од Купот.

„Купот е специфично натпреварување каде не секогаш победуваат фаворити. Првпат сме на завршницата, ќе се бориме на натпреварите да оставиме добар впечаток и да победиме“, истакна тој, цитиран од КФСМ.