Ќе се бориме до последна секунда, изјави тренерот на Пелистер за дуелот со домаќинот Куманово во кошаркарскиот Куп

„Пред нас е еден тежок натпревар во кој играме против домаќинот, тим кој што е составен од одлични индивидуалци, врвен тренер и голема поддршка од навивачите, што за нас ќе биде голем предизвик. Она кое можам да го ветам на нашите навивачи е дека ќе се бориме до последна секунда“.

0
6
КФСМ

Ова денес на прес-конференција во Куманово го изјави тренерот на Пелистер, Борче Даскаловски, чија екипа е пред сериозен предизвик уште на почетокот од финалниот турнир.

Дамјан Крстевски ќе ги чека своите минути на средбата со кумановските „сино-бели“:

„Ни следи тежок Куп-натпревар против Куманово на нивни терен. Знаеме каква публика има овде и каква е таа енергија. Мислам дека сме добро подготвени, ќе дадеме се од себе и очекувам да бидеме победници на крајот“, порача Крстевски, пренесе КФСМ.