Маслинко ја продолжи соработката со МЗТ Скопје за уште една сезона

Репрезентативецот Андреј Маслинко и во следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје, откако ја продолжи соработката со македонскиот шампион за уште една година.

Прегледи:

Датум:

Репрезентативецот Андреј Маслинко и во следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје, откако ја продолжи соработката со македонскиот шампион за уште една година.
За крилниот центар ова ќе биде седма сезона во тимот од Аеродром, каде што првпат пристигна во 2017 година. Во сино-белиот дрес досега освои три шампионски титули (2019, 2025 и 2026), како и три трофеи во Купот на Македонија (2018, 2025 и 2026), додека во својата кариера има вкупно четири Куп-пехари.
Очекувањата од „металците“ се Маслинко максимално подготвен да ја дочека новата сезона, без било какви здравствени проблеми и да биде еден од лидерите на тимот во битката за одбрана на домашните трофеи, како и за што подобар настап во ФИБА Еврокупот и АБА2 лигата.
Претходно соработката ја продолжија Дамјан и Војдан Стојановски, клубот ги ангажира Лука Стојановски и Никола Василевски и босанскиот интернационалец Емир Крајиниќ, а под договор останува и Андреј Андоноски.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...