Мирковски: „Работнички не е само клуб — тоа е карактер, историја и инает“

По синоќешната победа на КК Работнички над Чаир 2030 на домашен терен, со која тимот од Градски парк се приближи до обезбедување на опстанокот во МТЕЛ Супер кошаркарската Лига, шефот на стручниот штаб Владимир Мирковски, изјави дека „Работнички не е само клуб — тоа е карактер, историја и инает“.

Прегледи:

Датум:

„Да останеш со скратен ростер, да работиш во тишина кога сите други се откажуваат, и сепак да создадеш тим што никој не може лесно да го скрши — тоа не е случајност. Тоа е дисциплина. Тоа е вера. Тоа е визија.Овие момци покажаа дека името се брани со срце, не со буџет.
Ако клубот продолжи по овој пат — со стабилност, со доверба во луѓето што ја носат приказната и со оваа работничка филозофија — враќањето таму каде што му е местото не е прашање „дали“, туку „кога“, порача Мирковски.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...