МЗТ ги дозна ривалите во ФИБА Еврокупот!

МЗТ Скопје денеска ги доби противниците за настапот во групната фаза од ФИБА Еврокупот, каде што ќе биде дел од исклучително квалитетна конкуренција, со екипи од земји што се редовни учесници на најголемите репрезентативни натпреварувања.

Прегледи:

Датум:

МЗТ Скопје денеска ги доби противниците за настапот во групната фаза од ФИБА Еврокупот, каде што ќе биде дел од исклучително квалитетна конкуренција, со екипи од земји што се редовни учесници на најголемите репрезентативни натпреварувања.

Засега сигурни ривали се грчки Ираклис и естонски Тарту, додека во групата се најдоа и германски Вурцбург, кипарски АЕЛ Ларнака и полска Џики Варшава. Сепак, овие три екипи претходно ќе настапат во квалификациите за ФИБА Лигата на шампионите, па доколку некоја од нив обезбеди пласман во групната фаза на тоа натпреварување, нејзиното место ќе го пополни „среќен губитник“ од квалификациите за ФИБА Еврокупот – сценарио што би значело и нешто поповолен состав.

Групната фаза почнува на 29 и 30 септември, а МЗТ Скопје ќе одигра најмалку 10 европски натпревари – по пет на домашен терен и на гостински паркет. Натпреварувањето во групата ќе трае до средината на јануари, кога ќе се решава кои екипи ќе го продолжат европскиот пат.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...