МЗТ Скопје ќе настапува во ФИБА Еврокупот

Покрај настапите во АБА2 и домашното првенство, македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје во сезоната 2026/27 ќе настапува и во ФИБА Еврокупот. Тимот од Аеродром се враќа во оваа конкуренција по пауза од две ипол децении

Прегледи:

Датум:

Покрај настапите во АБА2 и домашното првенство, македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје во сезоната 2026/27 ќе настапува и во ФИБА Еврокупот. Тимот од Аеродром се враќа во оваа конкуренција по пауза од две ипол децении.

Ривалите во ова натпреварување ќе ги дознаеме по ждрепката на 16 јули во Минхен.

„Враќањето во Европа е уште една потврда за континуираниот развој на клубот и нашата амбиција МЗТ Скопје и понатаму да биде вистински амбасадор на македонската кошарка надвор од границите на државата. Нè очекува долга и предизвикувачка сезона, исполнета со силни противници, голем број натпревари и нови докажувања. Но, токму ваквите предизвици се мотивот поради кој постоиме и растеме. Нашата цел останува иста – достоинствено да го претставуваме македонскиот спорт, да бидеме конкурентни на секој терен и уште еднаш да покажеме зошто МЗТ Скопје со децении е симбол на македонската кошарка во Европа“, стои во објавата на МЗТ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...