Квалификации за ЛШ: Вардар стартуваше со пораз во Скопје

Фудбалерите на Вардар беа поразени во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Тимот од Финска, КуПС, беше подобар од шампионите на Македонија

Прегледи:

Датум:

Македонскиот шампион Вардар беше домаќин на шампионите на Финска, тимот „Куопио Палосеур“ (КуПС) во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите во Скопје и доживеа пораз.

Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје заврши со резултат 0:2 (0:1).

Двата гола за Финците ги постигнаа странци. Прво, францускиот интернационалец Брахим Магаса во 45-тата минута по корнер и лоша проценка на голманот Давор Талески.

Конечниот резултат беше поставен со прецизен удар на ганскиот интернационалец Боб Армах во 49-тата минута.

Реваншот е за седум дена во Финска.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...