Најдобриот стрелец во историјата на Евролигата доаѓа во Барса?

Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс, ќе ја засили Барселона пред почетокот на следната сезона, тврди шпанскиот „Мундо Депортиво“

Прегледи:

Датум:

Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс, ќе ја засили Барселона пред почетокот на следната сезона, тврди шпанскиот „Мундо Депортиво“.

Џејмс има важечки договор со Монако до летото 2027 година, но веројатно ќе биде слободен да избере нова средина поради финансиските проблеми што го мачат финалистот од минатата сезона во Евролигата.

Најдобриот стрелец во историјата на континенталното натпреварување е член на клубот од Кнежевството од 2021 година.

Претходно играше за Бруклин Нетс, ЦСКА Москва, Армани Миланo, Панатинаикос, Њу Орлеанс Пеликанс, Феникс Санс, Басконија, Колосос, Пафони, Хапоел Галил Елион и Загреб.

Џејмс беше МВП на Евролигата во сезоната 2023-24, а беше член на идеалната петорка во својата прва сезона во Монако. Три пати беше вклучен во втората најдобра петорка на Евролигата, а во сезоната 2018-19 беше и најдобар стрелец.

Со Монако, плејмејкерот двапати беше шампион на ЛНБ лигата, како и на Купот на Франција, и со години е лидер во играта на тимот.

И како 35-годишник, тој блесна во тековната сезона – Монако стигна до плејофот иако тренерот Василис Спанулис го напушти клубот поради финансиски проблеми, како и центарот Јоан Макунда – кој оттогаш се врати – и плејмејкерот Давид Мишино.

Поради сето тоа, Монако одигра некои од најважните натпревари на крајот од регуларната сезона, а потоа и во плеј-инот.

Тој стигна до четвртфиналето, но беше „исчистен“ во серијата од првиот носител Олимпијакос.

Џејмс имаше просек од 16,4 поени и 6,5 асистенции по натпревар во Евролигата оваа сезона.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...