НБА казни играчи на Лејкерси

НБА објави дека играчите на Лос Анџелес Лејкерс, Маркус Смарт и Лук Кенард, се казнети за вербални препирки со судиите во четвртиот натпревар од плејофсеријата против Хјустон Рокетс

Прегледи:

Датум:

НБА објави дека играчите на Лос Анџелес Лејкерс, Маркус Смарт и Лук Кенард, се казнети за вербални препирки со судиите во четвртиот натпревар од плејофсеријата против Хјустон Рокетс.

Лејкерси загубија во Тексас со 115-96, а вниманието беше насочено кон судиите, кои делеа технички фаули и исклучувања. Смарт беше казнет со 35.000 долари за наводно „доведување во прашање на интегритетот на судиите“, додека Лук Кенард беше казнет со 25.000 долари за „несоодветно обраќање кон судиите“, објави Џејмс Џонс, извршен потпретседател на лигата и директор за кошаркарски операции.

По натпреварот, Леброн Џејмс јасно ја критикуваше одлуката на судијата Џејмс Вилијамс и истакна дека исклучувањето на младиот Аду Тиери е целосно неоправдано, додека Лука Дончиќ наводно рекол дека ќе ја плати потенцијалната казна за младиот кошаркар.

Тројца играчи беа исклучени, а пет играчи добија технички во четвртиот натпревар во Хјустон, кога Рокетс ја обезбедија својата прва победа во серијата.

Лејкерси моментално водат со 3-1 и имаат шанса да ја завршат серијата и да се пласираат во втората рунда од плејофот пред своите навивачи вечерва.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...