Зверев ги загрижи сите во Мадрид: „Нема да кажам каква е повредата…“

Александар Зверев се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид, но по победата над Теренс Атман, повеќе зборуваше за повредата отколку за својата игра.

Прегледи:

Датум:

Александар Зверев се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид, но по победата над Теренс Атман, повеќе зборуваше за повредата отколку за својата игра.

Германецот победи во два сета – 6:3, 7:6, но за време на натпреварот почувствувал проблеми што очигледно го загрижува.

„Во вториот сет почнав да имам проблеми. Нема да кажам каква беше повредата, но на крајот беше тешко. Бев речиси совршен до 5:2. Се надевам дека оваа повреда ќе може да се санира и ќе играм во вторник“, рече Зверев, видливо загрижен.

Третиот тенисер во светот го контролираше натпреварот против Французинот, но крајот донесе неизвесност и пад во неговата игра.

Во борбата за четвртфиналето, Зверев треба да игра против Чехот Јакуб Меншик, ако е подготвен за дуелот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...