НБА започна истрага на натпревари на Денвер и Лејкерс поради „танкирање“

НБА започна истрага против Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс, како дел од зголеменото испитување на таканареченото „танкирање“, стратегија со која тимовите без шанси за пласман во плејофот намерно губат натпревари со цел да ја подобрат својата позиција на претстојниот драфт

Прегледи:

Датум:

НБА започна истрага против Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс, како дел од зголеменото испитување на таканареченото „танкирање“, стратегија со која тимовите без шанси за пласман во плејофот намерно губат натпревари со цел да ја подобрат својата позиција на претстојниот драфт. Целта е да се идентификуваат и санкционираат обидите за намерно губење натпревари, а одредени дуели во кои учествуваат Денвер и Лејкерси се под истрага.

Контроверзниот натпревар беше дуелот помеѓу Денвер и Јута. Иако „нагетси“ направија серија од 21:5 во четвртата четвртина и ја анулираа двоцифрената негатива, вниманието на комисијата на НБА беше привлечено од фактот дека двајцата најефикасни играчи на Јута, Кајл Филиповски и Брајс Сенсабо, не поминаа ниту секунда на теренот во последните 12 минути.

Слично сценарио беше и судирот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Бруклин, каде што Нетси одлучија да ја играат четвртата четвртина без Ник Клакстон, Заир Вилијамс и Нол Клоуни.

НБА сега детално ќе ги анализира сите контроверзни ситуации за да утврди дали станува збор за стратешки избори или за обиди за намерно губење натпревари, што би можело да има последици за тимовите и поединечните играчи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...