🎬Шарлот со исклучително достигнување – НБА не видела вакво нешто 67 години

Шарлот Хорнетс синоќа испишаа историја во НБА. Хорнетс ги „уништија“ Бостон Селтикс со 118:89 на гостински терен, за нивната шеста победа по ред. Сепак, интересно е што гостинскиот тим направи нешто на овој натпревар што не е видено речиси 70 години во оваа лига.

Прегледи:

Датум:

Шарлот Хорнетс синоќа испишаа историја во НБА. Хорнетс ги „уништија“ Бостон Селтикс со 118:89 на гостински терен, за нивната шеста победа по ред. Сепак, интересно е што гостинскиот тим направи нешто на овој натпревар што не е видено речиси 70 години во оваа лига.

Имено, со победа од повеќе од 20 поени, Хорнетс ги комплетираа убедливите победи против последните три шампиони на НБА оваа сезона.

На 5 јануари ги победија Оклахома Сити Тандер со 124:97, потоа на 18 јануари ги совладаа Денвер Нагетс со 110:87, а сега и Селтикс го почувствуваа „боцкањето“ на стршлените.

Вакво нешто не е видено од сезоната 1958/1959, кога Сиракјуз Нешналс успеаја да го направат тоа.

Освен нив, Форт Вејн Пистонс го постигнаа ова во сезоната 1956/1957 и Рочестер Ројалс во 1949/1950.

Нешналс се преселија во Филаделфија во 1963 година, каде што го сменија името во 76ерс, додека Ројалс, откако се преселија во Канзас Сити во 1972 година, станаа Кингс, кои сега се во Сакраменто.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...