Ѓоковиќ брка рекорд на Федерер на Индијан Велс

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (38) пристигнува на Индијан Велс подготвен да се натпреварува, за прв пат откако стигна до финалето на Австралија Опен и потврди дека сè уште е моќна сила на најголемите светски сцени.

Прегледи:

Датум:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (38) пристигнува на Индијан Велс подготвен да се натпреварува, за прв пат откако стигна до финалето на Австралија Опен и потврди дека сè уште е моќна сила на најголемите светски сцени.

Ѓоковиќ го победи двократниот шампион Јаник Синер во пет сета во Мелбурн, пред да загуби од светскиот број еден Карлос Алкараз во мечот за титулата.

„Беше неверојатен почеток на годината. Со оглед на тоа што не успеав да стигнам до финалето на Гренд Слем од Вимблдон 2024 и дека минатата година губев или од Синер или од Алкараз на сите Гренд слем турнири, беше неверојатно чувство да го победам Синер во еден од најепските натпревари што сум ги одиграл во последно време. Потоа имав уште еден одличен меч со Карлос, кој на крајот беше премногу добар“, рече Ѓоковиќ на прес-конференција пред турнирот.

Тој нагласи дека ова било доволно за да се започне.

„За мене, ова е феноменален резултат. Докажав, прво на себе, а потоа и на другите, дека сè уште можам да се натпреварувам на највисоко ниво и ги победувам тие момци. Мојата логика е – зошто да не продолжам сè додека го имам тој оган, страст, квалитет и мотивација“, додаде тој.

Петкратниот шампион на Индијан Велс ќе се обиде да го надмине Роџер Федерер по бројот на освоени титули во историјата на овој турнир.

„Имав многу успех на овој турнир. Ова отсекогаш ми бил еден од омилените турнири поради одличното време, условите, локацијата и близината до Лос Анџелес, еден од најубавите градови, како и историјата на настанот. Навистина е „тениски рај“ овде, како што со право го нарекуваат“, рече Ѓоковиќ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради Ратко Младиќ

Српскиот шампион Црвена Звезда е казнета од УЕФА за...

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...