Несреќна година за „кралевите“: По фудбалскиот, и кошаркарскиот клуб остана без трофеј во сезоната

Кошаркарите на Реал Мадрид неочекувано беа елиминирани во четвртфиналето од плејофот за шпанското првенство од Тенерифе, откако загубија со 95-107 во третиот натпревар одигран на нивниот домашен терен во саботата.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарите на Реал Мадрид неочекувано беа елиминирани во четвртфиналето од плејофот за шпанското првенство од Тенерифе, откако загубија со 95-107 во третиот натпревар одигран на нивниот домашен терен во саботата.

Пред 9.000 гледачи, ја завршија сезоната без да освојат трофеј, за прв пат од 2011 година.

Хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња, кој минатата недела беше прогласен за најдобар (МВП) играч на првенството, постигна 22 поени, најмногу во редовите на Реал Мадрид.

Кралскиот клуб на тој начин се збогува од натпреварувањето со вкупен резултат од 1-2 во победи, иако лигашкиот дел од првенството заврши на првото место, а Тенерифе на осмото место.

Неочекуваната елиминација на минатогодишниот шампион се случи еден ден пред вонредните претседателски избори во Реал Мадрид.

Кандидати се градежникот Флорентино Перез, кој го води клубот 23 години, и младиот претприемач Енрике Рикелме Вивес. Во недела, се очекува околу 70.000 возрасни членови на клубот, кои се и сопственици, да гласаат.

Фудбалскиот тим, исто така, ја заврши сезоната без да освои трофеј.

Кошаркарскиот тим на Реал Мадрид го загуби финалето на Евролигата од Олимпијакос во Атина пред две недели. Тие, исто така, го загубија финалето на шпанскиот Куп од Басконија и финалето на шпанскиот Суперкуп од Валенсија.

Реал Мадрид го држи рекордот за освојување на 11 европски купови во кошарка и 15 во фудбал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...