Ништо од суспензијата: Поништена техничката на Лука Дончиќ

Лука Дончиќ нема да биде суспендиран! НБА ја поништи последната техничка грешка на асот на Лос Анџелес Лејкерс.

Прегледи:

Датум:

Лука Дончиќ нема да биде суспендиран! НБА ја поништи последната техничка грешка на асот на Лос Анџелес Лејкерс.

Словенецот доби 16-та техничка сезонава на натпреварот на Лејкерс против Орландо.

Тоа автоматски значеше дека ќе биде суспендиран и за еден натпревар…

Сепак, франшизата од Лос Анџелес веднаш поднесе жалба, која очигледно била уважена.

Ова значи дека Дончиќ ќе биде во тимот за натпреварот против Детроит.

Лука Дончиќ и Гога Битадзе се судрија на 1:19 минути до крајот на третата четвртина, што донесе техничка грешка за двајцата играчи.

„Дефинитивно се надевам дека оваа судиска одлука ќе биде поништена“, рече Дончиќ по натпреварот.

„Очигледно го разочарав мојот тим… Но, тој ми рече дека ќе ми го е*е целото семејство. Ми го кажа тоа на српски јазик. Таков е теренот, но не можам да преминам преку се, морам да се залагам за себе. Сепак, морам да бидам подобар од тоа. Знам дека ги разочарав“, додаде тој.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...