Познат точниот распоред на „Фајнал Фор“ во Атина

Познати се сите учесници на Фајнал Фор на Евролигата за сезоната 2025/26, а Олимпијакос, Реал Мадрид, Фенербахче и Валенсија ќе се натпреваруваат за титулата европски шампион

Прегледи:

Датум:

Познати се сите учесници на Фајнал Фор на Евролигата за сезоната 2025/26, а Олимпијакос, Реал Мадрид, Фенербахче и Валенсија ќе се натпреваруваат за титулата европски шампион.

Финалниот турнир ќе се игра од 22 до 24 мај во Атина, во Телеком Центарот.

Олимјакос прв обезбеди место откако го елиминираше Монако со максимален резултат од 3-0, со што се пласираше на Фајнал Фор петта година по ред.

Реал Мадрид потоа го елиминираше Хапоел Тел Авив со резултат од 3-1 во серијата, додека Фенербахче беше подобар од Жалгирис со ист резултат.

Последен учесник беше Валенсија, која направи големо изненадување и по пресврт од 0-2 го елиминираше Панатинаикос со резултат од 3-2 во серијата.

Шпанскиот клуб на тој начин стигна до првиот Фајнал Фор во историјата и стана само вториот тим што го надмина дефицитот од 0-2 во плејофот на Евролигата, по Реал Мадрид против Партизан во 2023 година.

Полуфиналето е закажано за петок, 22 мај, додека финалето ќе се игра во недела, 24 мај во Атина.

Cup tree provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...