Последното, осмо коло ги реши дилемите околу конечниот изглед на табелата во првата кошаркарска лига. Односно ги потврди и натпреварувачките бројки на четирите екипи кои обезбедија пласман во полуфиналето на плеј-офот, за пополнување на едно место кое води во Супер лигата во наредната натпреварувачка сезона.
Екипите на Струмица 2001 и на Соколи 1933 остварија уште една победа, двете завршуваат со скор (11-3), но во онаа прва фаза од сезоната, струмичани имаат подобар скор во двата меѓусебни дуели со штипјани.
Оттука ќе ја стартуваат третата фаза од најдобрата стартна позиција.
Во полуфиналето, Струмица 2001 ќе игра против Борец баскет, додека другата полуфинална двојка ја формираат екипите на Соколи 1933 и Бутел.
ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА:
ТОП 8
РЕЗУЛАТИ 8.КОЛО
Мега баскет – Борец баскет 88:74
Водно санс – Бутел 78:100
Вардар – Соколи 1933 76:98
Охрид – Струмица 2001 50:80
ТАБЕЛА
1.Струмица 2001 14 11 3 1185:971 25
2.Соколи 1933 14 11 3 1259:1014 25
3.Бутел 14 10 4 1326:1098 24
4.Борец баскет 14 9 5 1167:1123 23
—————————————————–
5.Вардар 14 5 9 1128:1266 19
6.Мега баскет 14 5 9 1183:1257 19
7.Охрид 14 3 11 938:1190 17
8.Водно санс 14 2 12 1143:1383 16
ПОЛУФИНАЛЕ – ДВОЈКИ
Струмица 2001 – Борец баскет
Соколи 1933 – Бутел


