Македонските тенисерки на стартот против Египет

Женската тениска репрезентација на Македонија од утре ги стартува мечевите во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг Купот што се играат во Бања Лука

Прегледи:

Датум:

Женската тениска репрезентација на Македонија од утре ги стартува мечевите во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг Купот што се играат во Бања Лука. Македонија се наоѓа во групата Б, а противнички им се репрезентациите на: Бугарија, Мароко, Египет и Јужна Африка.

За Македонија настапуваат: Сара Митевска, Ана Митевска, Јана Божиновска и Зара Зафировска, а деби на селекторската позиција има Кристијан Вангелов.

Во првото коло македонските тенисерки ќе играат против репрезентацијата на Египет, која заедно со Бугарија важи за фаворит за првото место во групата. Во составот на Египет двете прворангирани тенисерки имаа ранг: Сандра Самир (367. место ВТА) и Ламис Алхусеин Абдел Азиз (404. место ВТА).

Во второто коло во вторник Македонија ќе биде слободна.

Во А групата ќе играат: Австрија, Грција, Босна и Херцеговина, Кипар и Финска.

Првиот ден покрај мечот Македонија – Египет од Б групата играат Бугарија – Јужна Африка, а слободна е селекцијата на Мароко.

Во А групата во првото коло двојките се: Австрија – Финска и Грција – Кипар, а домаќинот Босна и Херцеговина е слободна.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...