Работнички одбележува 50 години од полуфиналните настапи на клубот во КПК

КК Работнички денеска одбележува историски голем јубилеј - 50 години од полуфиналните настапи на клубот во Купот на победниците на куповите (КПК).

Прегледи:

Датум:

КК Работнички денеска одбележува историски голем јубилеј – 50 години од полуфиналните настапи на клубот во Купот на победниците на куповите (КПК).

Во пресрет на кошаркарскиот натпревар од 18-тото коло на МТЕЛ Супер лигата Работнички – Маџари, кој ќе се одигра попладнево во реновираната сала „Лазар Лечиќ“ во Градскиот парк, навивачите го одбележуваат историскиот јубилеј од славното минато на тимот: 50 години од полуфиналните средби, во Купот на победниците на куповите, помеѓу Работнички и Цинцано од Милано (сегашниот италијански евролигаш Олимпија Милано) одиграни во овој период во сезоната 1975/76.

На 25 февруари 1976 година во Арената „Адеко“ во Милано победи (90:67) домаќинот Цинцано, а на 3 март – во истава сала која со децении се викаше „Градски Парк“ – во Скопје победи Работнички со 104:89. Две недели подоцна, на 17 март 1976 година, во финалето Милано го победи (88:83) Турс БЦ од Франција.

Два месеци претходно, подоцнежниот финалист, Турс БЦ најпрво победи (99:83 дома на 7 јануари) а седум дена подоцна загуби со повисока разлика (90:107 во Скопје) од Работнички, кој тогаш го постигна најголемиот меѓународен успех на било кој македонски кошаркарски клуб.

Од клубот до сите симпатизери на КК Работнички АД Скопје, упатија повик во што поголем број да присуствуваат во салата во Градски парк, на важниот натпревар вечерва со почеток од 19 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...