Официјално: Спанулис го напушти Монако

Грчкиот стручњак Василис Спанулис и официјално го напушти Монако, потврди клубот од Кнежевството

Прегледи:

Датум:

Грчкиот стручњак Василис Спанулис и официјално го напушти Монако, потврди клубот од Кнежевството.

Спанулис ги пропушти последните два натпревари од националното првенство, што беше повеќе од јасен показател дека се ближи крајот.

Клубот наскоро потоа ја потврди разделбата на двата тима, преку генералниот менаџер Олексиј Јефимов.

„Василис беше инспирација за сите во клубот. Јас лично научив многу од работата со него. Жалам, пошто можевме да постигнеме повеќе, но понекогаш околностите ве принудуваат да донесувате тешки одлуки. Сигурен сум дека Василис го напушта Монако со неколку позитивни спомени“, рече Јефимов.

Како и на играчите, на Спанулис му доцнеше платата во втората година од својот тригодишен договор.

Тимот си заминува во тежок момент, откако загуби седум од последните осум натпревари во Евролигата. Моментално имаат резултат од 16-14.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...

Тренерот на Махачев за Пратес: Тој е вистински ѕвер!

Тренерот на Ислам Махачев, Хавиер Мендес, не го криеше...