Реал Мадрид гледа кон НБА, се подготвува за живот без Хезоња

Навивачите на Реал Мадрид со трепет ја слушаа изјавата на Мишко Ражнатовиќ, новиот агент на Марио Хезоња. Сопственикот на агенцијата „Беобаскет“ изјави дека не ја исклучува можноста хрватскиот интернационалец да се врати во НБА. Како ќе се справи „кралскиот клуб“ без својот најдобар играч? Постои план

Прегледи:

Датум:

Навивачите на Реал Мадрид со трепет ја слушаа изјавата на Мишко Ражнатовиќ, новиот агент на Марио Хезоња. Сопственикот на агенцијата „Беобаскет“ изјави дека не ја исклучува можноста хрватскиот интернационалец да се врати во НБА. Како ќе се справи „кралскиот клуб“ без својот најдобар играч? Постои план.

Шпански „АС“ пишува за претстојната недела, која ќе биде клучна за иднината на Хезоња. Тој има опција да му плати на Реал отштета од 850.000 евра до 20 јули и повторно да тргне кон НБА.

Веќе некое време, европските медиуми пишуваат дека играчот од Дубровник ќе го напушти Реал само во случај на преселба во НБА. Сега се ближи времето за одлуката, а Реал се подготвува за евентуалното заминување на највредниот играч во АЦБ лигата.

„Евентуалното заминување на Хезоња повторно би го поставило на виделина прашањето за квотата на локални играчи во Реал Мадрид. Прописите бараат тим од 10 до 12 играчи да има најмалку четири кои се формирани во Шпанија. Реал моментално има пет такви играчи по доаѓањето на Хаиме Прадиља, но еден од нив, Усман Гаруба, е повреден подолго време. Заминувањето на поранешниот играч на Барселона би го оставило Реал со многу малку простор да ги исполни пропишаните услови“, пишува АС.

За да компензира за евентуално заминување, Реал Мадрид веќе има едно име на својата листа на желби: Макс Шулга. Бекот, роден во Украина и моментално член на Бостон Селтикс, се пресели во Леон кога имаше само 11 години. Таму се разви во неколку клубови, пред да се пресели во кошаркарската школа за извонредност Торелодонес во Мадрид.

Овој украински бек дефинитивно нема да биде замена „еден за еден“ за Хезоња, бидејќи ги покрива позициите „еден“ и „два“.

Дваесет и четири годишниот кошаркар од Киев минатата сезона ја помина како играч на Бостон Селтикс, каде што одигра многу скромна улога. Тој играше за Голден Стејт Вориорс во неодамна завршената Летна лига во Лас Вегас.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо ја омаловажи победата на Бетис. Пелегрини му одговари

Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, одговори на коментарите на...

Расел: Ферари сè уште е фаворит за Монца

Џорџ Расел го повтори својот став дека Ферари остануваат...

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради Ратко Младиќ

Српскиот шампион Црвена Звезда е казнета од УЕФА за...

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...