Тимот на Панатинаикос за следната сезона, кој ќе го предводи Жељко Обрадовиќ, полека се составува, а веќе е јасно дека српскиот тренер ќе ја има најскапата петорка во историјата на Евролигата.
Патанаикос одлично се снајде ова лето, по враќањето на Жељко Обрадовиќ на кормилото на „зелените“. Димитрис Јанакопулос се погрижи да му обезбеди на стратегот и одличен буџет и одлични играчи.
Поточно, најскапата петорка во историјата на Евролигата, која дополнително се засили ова лето со потпишувањето на Исак Бонга и Гершон Јабуселе.
Така, петте најскапи играчи на Панатинаикос ќе заработат над 18.000.000 евра, што е незамисливо за европски стандарди. Ова дополнително го покажува напредокот и инвестирањето на сè повеќе пари во европската кошарка, како и фактот дека ПАО атакува на враќање на врвот во Европа.
Кендрик Нан и Најџел Хејс-Дејвис покриваат половина од оваа сума со 4.500.000 евра годишно, додека Гершон Јабуселе, кој пристигна по престој во НБА, ќе заработува 4.000.000 евра.
Матијас Лесор е најплатениот центар со плата од 2.700.000 евра, додека идеалната петорка ја комплетира Исак Бонга, кој во Атина ќе добива 2.200.000 евра. Кога сè ќе се собере, сумата е околу 18 милиони долари.
За споредба, втората најскапа стартна петорка ќе биде Хапоел Тел Авив со сума од околу 16 милиони евра, од кои 4.700.000 оди кај Василије Мичиќ. Олимпијакос е околу 13 милиони, додека Реал е нешто помалку од десет.


