Реал Мадрид се врати на Ф4, Хапоел не успеа да ибори мајсторка

Реал Мадрид го победи Хапоел Тел Авив во Софија со резултат од 87:81 во четвртиот натпревар од четвртфиналето на Евролигата.

Прегледи:

Датум:

Реал Мадрид го победи Хапоел Тел Авив во Софија со резултат од 87:81 во четвртиот натпревар од четвртфиналето на Евролигата.

„Кралскиот клуб“ со тоа обезбеди место во Фајналфорот што ќе се одржи во Атина, откако минатата сезона не успеа да се пласира меѓу првите четири екипи.

Реал Мадрид го предводеше Усман Гаруба со 16 поени. Хезоња и Маледон додадоа по 14 поени, а Факундо Кампацо имаше 11 поени. Треј Лајлс постигна десет поени.

Отуру постигна 29 поени и седум скока, додека Мичиќ запиша „дабл-дабл“ со 18 поени и 11 скока. Елајџа Брајант постигна 12, а Кеслер Едвардс имаше десет поени.

Реал Мадрид ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Панатинаикос и Валенсија во полуфиналето на Евролигата. Грчкиот тим води во серијата со 2-1, а четвртиот натпревар ќе се игра во петок во 20:15 часот во Атина.

Фајнал форот ќе се одржи од 22 до 24 мај во Атина. Олимпијакос веќе го обезбеди своето место по три натпревари со Монако.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...