ТФТ изгуби 36 разлика од Борац во Чачак

Кошаркарите на ТФТ претрпеа пораз со 97:61 (54:32) на гостувањето кај Борац Чачак во баражот за влез во АБА-1 лигата.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарите на ТФТ претрпеа пораз со 97:61 (54:32) на гостувањето кај Борац Чачак во баражот за влез во АБА-1 лигата.

Гостите од Скопје успеаја да поведат само со 2:0 на почетокот од натпреварот, а сè друго беше во знакот на многу подобриот тим на Борац, кој ја зголемуваше својата предност во однос на вечерашниот ривал од четвртина во четвртина.

Марко Јошило со 20 поени и пет скока, како и Петар Николиќ со 20 поени, 7 скока и 4 асистенции беа најдобри во тимот на Борац, а по нив следуваше Никола Манојловиќ со 16 поени и 7 скока.

Дејвис беше најдобар во тимот на ТФТ со 17 поени и четири скока.

Вториот дуел се игра во недела, 10 мај во Скопје, а евентуален триумф на тимот на Боро Смилковски ќе донесе мајсторка повторно во Чачак на 15 мај.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...