Сопственикот на Феникс Санс, Мет Исби, призна дека фрлал пари кога го презел тимот и дека најдобар доказ за тоа е потпишувањето на Кевин Дурант.
Исби вели дека Дурант е елитен талент, но дека тој не ви гарантира шампионски прстен и дека Феникс сега размислува поинаку кога потпишува играчи.
Сопственикот на Санс го кажа сето ова во интервју за „CNBC Sports“ и рече дека мислел дека со пари може да ги купи најдобрите играчи и да ја освои титулата што е можно побрзо.
„Решавав проблеми со пари. Немавме дефинирана структура, тимска култура или ѕвезда северница што ќе ни покаже каде одиме, па фрлавме пари на талентирани играчи како Кевин Дурант, а тие не ви гарантираат титула. Мора да пронајдете играчи кои одговараат на вашиот тим, вашата визија, вашата работна етика, вашиот став, факторот дека им е грижа за победата, дека работат напорно секој ден, и токму тоа го бараме во Феникс во моментов. Без разлика дали е Дурант или некој друг, не е важно, ние бараме одреден тип играч“, рече Исби.
Поранешниот играч на Санс, а сега крилен центар на Хјустон Рокетс, не чекаше долго да му одговори.
„Да, точно така, обвинувајте ме за сè иако сè уште сум на врвот на кошарката на 36 години, а вие можете да се вратите на таа ваша култура што толку многу ја цените. Метју се однесуваше како да сум уапсен за возење во пијана состојба“, рече Кевин.
Да потсетиме, Дурант беше продаден во Феникс во февруари 2023 година и помина две и пол сезони таму, играјќи во едно полуфинале од Западната конференција, потоа беа елиминирани во првото коло една година подоцна, а следната година дури и не се пласираа во плејофот…
Потоа дојде преселбата во Хјустон Рокетс.


