„Бомба“ од Шпанија: Џабари Паркер го напушта Партизан?

Со оглед на тоа што преодниот рок во Евролигата заврши, Паркер лесно би можел да заврши во Хувентуд и да го игра последниот дел од сезоната во Лигата на шампионите на ФИБА

Прегледи:

Датум:

Американскиот кошаркар Џабари Паркер наскоро би можел да ги напушти редовите на Партизан Белград.

Некогашниот одличен американски кошаркар повторно поминува низ турбулентен период и не може да се вклопи во тимот од главниот град на Србија, а според шпанските медиуми, Паркер се подготвува за заминување.

Оттаму дознаваат дека Паркер размислува да замине во Хувентуд од Бадалона и дека планира да ја заврши сезоната таму, што би било добро за сите три страни.

Според Џоан Пењароја, Паркер не игра од технички причини и одлуката е на тренерот, исто како што беше кога Желимир Обрадовиќ беше на клупата.

Со оглед на тоа што преодниот рок во Евролигата заврши, Паркер лесно би можел да заврши во Хувентуд и да го игра последниот дел од сезоната во Лигата на шампионите на ФИБА.

Рокот за трансфер таму е до 31 март, па затоа има повеќе време да размисли и да одлучи дали сака да се врати во Шпанија.

Паркер сериозно потфрли во Партизан и има 7,7 поени и 2,5 скока во Евролигата, додека во АБА лигата има 9,1 поен и 2,4 скока по натпревар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...