📽️Чудесниот скок на Домен Превц кој им донесе злато на Словенците на Олимписките игри

Прегледи:

Датум:

Словенија синоќа го одбрани златниот медал на Зимските олимписки игри во мешано екипно натпреварување во скијачки скокови.

Словенечкиот тим го сочинуваа Ника Превц, Ника Водан, Анже Ланишек и Домен Превц, а до златото стигнаа со вкупно 1.069,2 поени, дури 30,9 повеќе од Норвешка, која освои сребро.

Откако Ника Водан ѝ го донесе водството на Словенија во воведната серија, тоа постојано растеше, а последниот скок во втората серија го направи Домен Превц.

На Превц им требаше само да слета на 88,5 метри за Словенците да го освојат златото, а тој далеку го надмина тоа растојание.

Словенецот слета на 102 метри и со 141,5 поени донесе убедлив триумф на својата земја.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...