🎥📷 Алкараз ја освои наградата „Лауреус“ за „Спортист на годината“

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја освои престижната награда „Лауреус“ за „Спортист на годината“ за 2025 година

Прегледи:

Датум:

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја освои престижната награда „Лауреус“ за „Спортист на годината“ за 2025 година.

Свечената церемонија за прогласување на победникот се одржи вечерва во Мадрид. Алкараз станува само четвртиот тенисер во историјата што ја добил оваа награда, по Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Покрај Алкараз, во потесниот избор за „Светски спортист на годината“ за 2025 година се наоѓаа шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис, италијанскиот тенисер Јаник Синер, словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар, фудбалерот на Пари Сен Жермен и француски репрезентативец Усман Дебеле и светскиот шампион во Мото ГП, Марк Маркез од Шпанија.

Фудбалерот на Барселона, Ламине Jамал, беше прогласен за „Најдобар млад спортист“. Наградата за „Враќање на годината“ му припадна на британскиот голфер Рори Мекилрој. Меѓу номинираните за наградата за „Враќање на годината“ беа американската тенисерка Аманда Анисимова, колумбискиот велосипедист Еган Бернал, британската велосипедистка Симон Јејтс, јамајканската атлетичарка Хулимар Рохас и англиската фудбалерка Лија Вилијамсон.

Наградата „Лауреус“ за „Тим на годината“ му припадна на Пари-Сен Жермен. Другите номинирани за наградата за тим на годината беа женската фудбалска репрезентација на Англија, женската крикет репрезентација на Индија, тимот на Формула 1 Мекларен, кошаркарскиот тим на Оклахома Сити и европскиот голф тим.

Специјална награда за „Инспирација во спортот“ му припадна на поранешниот германски фудбалер Тони Крос. Наградата „Спорт за добро“ ја освои невладината организација за развој на спортот „Футбол Мас“ од Чиле.

Еден од домаќините на церемонијата беше најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој пет пати во својата кариера ја освои наградата „Лауреус“ за „Најдобар спортист во светот“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...