Клаебо ја откри тајната на успехот: Носел иста долна облека при освојување на сите 6 златни олимписки медали

Норвешкиот скијач Јоханес Хесфлот Клаебо влезе во историјата освојувајќи шест златни медали во исто толку дисциплини на Зимските олимписки игри, а по завршувањето на Игрите, ја откри и својата тајна на успехот

Прегледи:

Датум:

Норвешкиот скијач Јоханес Хесфлот Клаебо влезе во историјата освојувајќи шест златни медали во исто толку дисциплини на Зимските олимписки игри, а по завршувањето на Игрите, ја откри и својата тајна на успехот.

На овогодинешните Игри, Клаебо освои злато во поединечен спринт, 10 км слободен стил, 20 км, 50 км класично, тимски спринт и штафета 4×7,5 км.

Норвежанецот сега има вкупно 11 златни олимписки медали, што го прави втор најуспешен олимпиец на сите времиња, веднаш зад Мајкл Фелпс.

А која е тајната на неговиот успех? Суеверието на Клаебо сигурно има многу врска со тоа.

Клебо освои пет златни медали во исто толку дисциплини на Светското првенство во Трондхајм минатата година, носејќи ист пар боксерки во секоја трка.

Тој го направи истото и на Олимписките игри, но со мала промена.

„Ги носам моите „среќни“ боксерки, но сега, за разлика од Светските првенства, кога не се осмелував да ги перам, решив да ги перам по секоја трка“, рече Клебо.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...