Андреј Стојановски потпиша за Прилеп

РК Прилеп продолжува со засилувањата за новата сезона, а нов член на тимот е Андреј Стојановски, македонски ракометар кој настапува на позицијата лев бек и доаѓа од редовите на РК Тинекс Пролет.

Прегледи:

Датум:

РК Прилеп продолжува со засилувањата за новата сезона, а нов член на тимот е Андреј Стојановски, македонски ракометар кој настапува на позицијата лев бек и доаѓа од редовите на РК Тинекс Пролет.

Роден на 21 август 2004 година, Стојановски е производ на младинската школа на Пролет и важи за еден од најперспективните млади македонски ракометари на својата позиција.

Покрај настапите во домашната Суперлига, Андреј има и репрезентативно искуство во младинските селекции на Македонија, вклучувајќи го и настапот на Светското младинско првенство во Полска.

„Сигурни сме дека неговата енергија, борбеност и желба за напредок ќе донесат дополнителен квалитет во нашиот тим и ќе бидат значаен придонес во остварувањето на клупските цели“, порачаа од клубот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Голем удар за Арсенал: Букајо Сака ќе паузира два месеци поради повреда

Арсенал стравува дека Букајо Сака ќе отсуствува најмалку шест...

Де Зерби: Лошата статистика на Тотенхем против Челси е одлична мотивација

Менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, изјави дека лошата...

Норис зема апчиња за да се справи со нерамнините на „Circuit of the Americas“

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, откри дека...

Тројца пилоти се соочуваат со казни за Големата награда на САД

Најмалку тројца возачи ќе бидат вратени на стартната линија...