Чупиќ: Ја знаеме силата на Мелсунген, нѐ чека тежок дуел

Тренерот на РК Вардар 1961, Иван Чупиќ пред дуелот со Мелсунген во Европската лига изјави дека тоа е квалитетна екипа со квалитетен тренер и дека ги очекува тежок дуел

Прегледи:

Датум:

Тренерот на РК Вардар 1961, Иван Чупиќ пред дуелот со Мелсунген во Европската лига изјави дека тоа е квалитетна екипа со квалитетен тренер и дека ги очекува тежок дуел. Се надева и на победа во два домашни меча со кои би обезбедиле осминафинале.

„После воведниот пораз од Бенфика, имаме важен меч пред нас. Ја знаеме силата на Мелсунген, ќе се спремаме за нив. Нема што многу да се каже. Квалитетна екипа, има квалитетен тренер, играат заедно неколку сезони. Наша цел е дека со победа во два домашни меча би обезбедиле осминафинале, тоа е наш прв план. За да се реализира тоа, нѐ чека тежок дуел. Се надевам дека после тешка недела пред нас и што завршивме убаво против Алкалоид, утре ќе ја наполниме салата, и ние на терен и навивачите на трибина ќе направиме атмосфера, и задоволни со 2 бода ќе продолжиме, изјави Чупиќ.

Ракометарот на „црвено-црните“ Јака Малус, исто така, ги кажа очекувањата од овој меч.

„Сите знаеме што е екипата на Мелсунген, но мислам дека после мечот во Автокоманда покажавме дека имаме карактер, после еден пораз не паднавме, не сме заборавиле да играме ракомет. Мораме да одиме на победа, заслужуваме да имаме полна сала, со таква атмосфера ќе ни биде полесно. Екипите во Германија не знаат што значи ваква атмосфера, да ни помогнат и да победиме на мечот и да направиме чекор кон нашата цел, вели Малус

Средбата се игра утревечер од 20,45 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...