Баскет КАМ го освои кошаркарскиот Куп на Македонија кај жените, Кметовска прогласена за МВП

Во големото финале на 34.издание на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, кошаркарките на Баскет КАМ беа подобри од Крива Паланка со 68:74

Прегледи:

Датум:

Во големото финале на 34.издание на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, кошаркарките на Баскет КАМ беа подобри од Крива Паланка со 68:74.

Кошаркарките на КАМ помотивирано влегоа во натпреварот, доминираа во дуелот и на крајот заслужено го освоија трофејот.

Кметовска реализираше 24.поени, имаше и девет скока. Димова и Поп-Димитровска додадоа по 16, а Адамовска уште 12.

Во екипата на Крива Паланка, Робинсон постигна 30.поени, Ниехуес имаше 15, а Грин уште 11.

Иако предвреме го напушти финалето, поради пет лични грешки, Кметовска беше прогласена за најкорисната кошаркарка на финалниот турнир. Актуелната македонска репрезентативка одигра два одлични натпревари, и апсолутно заслужено ја доби главната индивидуална награда на турнирот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...