Јасухира ќе игра за ГРК Охрид до крајот на сезоната

Јапонецот Косуке Јасухира потпиша со ГРК Охрид, соопштија од клубот попладнево. Игра на позицијата среден бек и има 25 години.

Прегледи:

Датум:

Јапонецот Косуке Јасухира потпиша со ГРК Охрид, соопштија од клубот попладнево. Игра на позицијата среден бек и има 25 години.

Косуке доаѓа на позајмица до крајот на оваа сезона да и помогне на екипата во остварување на што подобри резултати. Тој е јапонски репрезентативец и доаѓа од екипата на Бурган од Кувајт.

Познат е на македонската публика откако играше за екипата на РК Вардар 1961 пред 2 сезони.

„Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона. Среќен сум за ваквиот пречек од нашите навивачи, тоа ми дава уште поголема мотивација“, изјави Косуке, цитиран од клубот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...