Карапалевски е третото засилување на ГРК Охрид за наредната сезона

Мартин Карапалевски е третото засилување на ГРК Охрид за наредната сезона! Македонскиот повремен репрезентативец потпиша со ГРК Охрид миниум до 2028 година. Игра на позицијата среден бек, има 26 години (178 cm) и ќе го носи дресот со бр.11 следната сезона

Прегледи:

Датум:

Мартин Карапалевски е третото засилување на ГРК Охрид за наредната сезона! Македонскиот повремен репрезентативец потпиша со ГРК Охрид миниум до 2028 година. Игра на позицијата среден бек, има 26 години (178 см) и ќе го носи дресот со бр.11 следната сезона, соопштија од клубот.

Доаѓа од шпанското првенство и одличните настапи за тимот на Ваљадолид по 2 сезони, а пред тоа го носеше дресот на РК Вардар 1961.

„Се радувам што ќе бидам дел од ГРК Охрид, клуб кој расте од година во година. Уште од првите разговори ми се допадна идејата и проектот по кој клубот сака да се движи во наредните години. Со нетрпение чекам да настапам пред охридската публика и верувам дека заедно ќе се радуваме и ќе ги исполниме целите на клубот“, изјави Карапалевски, цитиран од тимот од Охрид.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...