Митревски го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28

Прегледи:

Датум:

Најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28.

„Митревски е роден победник, дете на клубот, човек кој се изгради и како личност и како професионален со преку две децении врвен ракомет. Освојуваше титули каде и да настапуваше, но задоволството е уште поголемо кога заеднички се радуваме на трофеи во Битола. Така ќе биде и во иднина. Митревски е столб на репрезентацијата, а таа била и секогаш ќе биде составувана од најдоброто од Еурофарм Пелистер“, соопштија од клубот.

Пред да се врати во битолскиот клуб, Митревски настапуваше и за Вардар, Металург, Констанца, Бенфика и Порто.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

„Форбс“: Роналдо надмина 2 милијарди долари заработка, првпат во спортската историја

Кристијано Роналдо повторно е на врвот на листата на...

📷 Меси се врати во Шпанија, ја доби наградата „Принцеза од Астурија“

Лионел Меси пристигна во шпанскиот регион Астурија, каде што...

Интервју со Ристовски: Голем дел од спортистите во Македонија сè уште немаат финансиска сигурност

Да бидеме реални, голем дел од спортистите во Македонија...

„Добро е што Винисиус е тажен…“: Неочекуван став на Мбапе за проблемите на Бразилецот

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, изјави дека е...