Сериозен удар: Едвардс под знак прашалник за третиот натпревар со Денвер

Минесота Тимбервулвс би можеле сериозно да бидат ослабени во третиот натпревар од серијата против Денвер. Најдобриот играч на тимот, Ентони Едвардс, е под знак прашалник поради проблем со коленото

Прегледи:

Датум:

Минесота Тимбервулвс би можеле сериозно да бидат ослабени во третиот натпревар од серијата против Денвер. Најдобриот играч на тимот, Ентони Едвардс, е под знак прашалник поради проблем со коленото.

Едвардс е наведен како „под знак прашалник“, што значи дека неговиот настап ќе биде познат кратко пред натпреварот.

Ова е голем удар за Тимбервулвс, со оглед на тоа што Едвардс се истакна во првите два натпревари од серијата.

Тој има просек од 26 поени, 9,5 скока, 4,5 асистенции и 2,5 украдени топки, а токму неговиот настап ѝ донесе победа на Минесота во вториот натпревар (119:114).

Серијата моментално е изедначена 1-1, а следните два натпревари се играат во Минеаполис, каде што Тимбервулвс сакаат да ја преземат контролата пред да се вратат во Денвер.

Сепак, сè зависи од здравјето на нивната најголема ѕвезда.

Добрата вест за навивачите е дека се очекува Едвардс да игра, и покрај проблемите со коленото што го мачат цела сезона.

Честите отсуства го лишија од индивидуални награди, но сега фокусот е целосно на плејофот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...