НАЈДОБРАТА СЕЗОНА НА ВАРДАР ОД ЗЛАТНАТА ЕРА: Осум победи за пласман во четвртфиналето!

Ракометниот клуб Вардар 1961 обезбеди директно место во четвртфиналето на ЕХФ Лигата на Европа во брилијантна завршница во главната фаза, каде што прво паднаа Мелсунген и Бенфика на домашен терен, а синоќа го совладаа тимот од Касел и на гостински терен

Прегледи:

Датум:

Ракометниот клуб Вардар 1961 обезбеди директно место во четвртфиналето на ЕХФ Лигата на Европа во брилијантна завршница во главната фаза, каде што прво паднаа Мелсунген и Бенфика на домашен терен, а синоќа го совладаа тимот од Касел и на гостински терен.

Победникот на ЕХФ Лигата на шампионите за 2017 и 2019 година, по години талкање низ Европа, брзи елиминации и просечни резултати, конечно има сезона во согласност со она што го видовме во последната деценија за време на златната ера, кога на чело на клубот беше русинот Сергеј Самсоненко.

Тимот, предводен од еден од „златната генерација“, Иван Чупиќ, забележа осум победи во 10 натпревари оваа сезона, што доволно зборува за напливот на новата генерација предводена од Дмитро Горига и Јака Малуш.

Од златната сезона 2018/2019 со Роберто Парондо на чело, тимот од салата „Јане Сандански“ нема повеќе од пет победи по сезона во европските натпреварувања.

Скокот напред е очигледен, а дали еуфоријата ќе ги одведе „црвено-црните“ до Фајналфор ќе дознаеме по четвртфиналето каде што ќе ги вкрстат копјата со подобриот од дуелот меѓу Монпелје и Елверум.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...