Охрид блиску до финалето на Купот на ЕХФ

ГРК Охрид беше поразен во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на ЕХФ во Целје, во салата Златорог со 26:27. За седум дена, во Билјанини Извори имаат шанса да ја надоместат предноста на поранешниот европски шампион и да обезбедат нова борба за трофејот

Прегледи:

Датум:

ГРК Охрид беше поразен во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на ЕХФ во Целје, во салата Златорог со 26:27. За седум дена, во Билјанини Извори имаат шанса да ја надоместат предноста на поранешниот европски шампион и да обезбедат нова борба за трофејот.

Татабања, од друга страна, е фаворит во двомечот со шампионот на Босна и Херцеговина, Извиѓач од Љубушки.

Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ беше најефикасен кај гостите со пет гола, со четири промашувања.

Охрид започна силно, поведувајќи со 5:0 во Златорог, но потоа на сцената стапи еден од најголемите таленти на светскиот ракомет, фантастичниот Алуш Анжиќ, играч за кого се борат најдобрите клубови во Европа и прашање на време е кога ќе заигра за Барселона, Веспрем или некој од великаните на Стариот континент.

Осумнаесет-годишниот ас се разигра, Гал Габершек беше одличен на голот, а Целје брзо ги сврти работите. Домаќините дури имаа и +5 (20:15), но избраниците на Ројевиќ успеаја да се вратат во последната четвртина од натпреварот и да ги сопрат брзите напади на Целје, па на крајот беше само „минус еден“, што им дава одлична шанса на „Гладијаторите“ да го елиминираат словенечкиот тим пред своите навивачи.

Анжиќ постигна осум гола, уште еден голем талент од Целје, Андраж Макуц постигна пет, а Урош Милиќевиќ четири гола. Габершек запре 10 шута.

Во Охрид, покрај петте гола на Ѓукиќ, по четири гола за својот поранешен клуб постигнаа поранешните ракометари на Целје Тилен Стрмљан и Анте Иванковиќ, а три постигна Гркот Николас Лијапис. Кристијан Пилиповиќ имаше 10 одбрани.

Кај Охрид поради повреди не настапија Стефан Петриќ и Вуко Борозан.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...