🎥Денвер повторно поразен, Јокиќ одигра една од своите најлоши четврти четвртини во НБА

Српскиот центар, Никола Јокиќ одигра една од најлошите четврти четвртини откако пристигна во НБА, и секако најлошата во плејофот, во поразот на Денвер од Минесота со 112:96 во четвртиот натпревар од првото коло на плејофот.

Прегледи:

Датум:

Српскиот центар, Никола Јокиќ одигра една од најлошите четврти четвртини откако пристигна во НБА, и секако најлошата во плејофот, во поразот на Денвер од Минесота со 112:96 во четвртиот натпревар од првото коло на плејофот.

Трикратниот МВП се врати во игра на 9:16 минути до крајот на натпреварот и од тој момент па натаму, практично ништо не направи.

Имаше шест обиди за шут од поле, од кои сите шест ги промаши. На крајот, го заврши натпреварот со 8 од 22 шутеви од поле, а во еден момент имаше 8 од 12, што значи дека промаши 10 последователни шутеви.

Дополнително, кога Денвер беше блиску до водство од седум поени, Јокиќ „продаде“ две топки за краток временски период. Натпреварот го заврши со четири фаули.

Клуминацијата дојде секунда пред крајот кога реагираше на неспортскиот гест на МекДениелс, кој постигна кош иако сите веќе престанаа да играат. Играчот на Минесота направи она што не се прави, но тоа не требаше да биде причина Јокиќ да му се приближи на МекДениелс и речиси да предизвика физичка пресметка.

На крајот, Србинот беше исклучен и сега останува да се види каква ќе биде казната за овој непромислен потег.

Настапот на Јокиќ во последните три натпревари во завршните фази беше практично непостоечки и тој ќе мора да промени нешто ако сака неговиот тим да остане во игра со Минесота.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...