Ројевиќ: Градиме тим за идната сезона, доаѓа поранешен играч на ПСЖ

„Веќе градиме тим за следната сезона. Некои ќе си заминат, некои ќе дојдат, но нема многу да го промениме јадрото на тимот.Можам да кажам дека го добиваме и левото крило Адам Кеита, поранешен играч на Пари Сен Жермен кој играше за АЕК две сезони“.

Прегледи:

Датум:

„Веќе градиме тим за следната сезона. Некои ќе си заминат, некои ќе дојдат, но нема многу да го промениме јадрото на тимот.Можам да кажам дека го добиваме и левото крило Адам Кеита, поранешен играч на Пари Сен Жермен кој играше за АЕК две сезони“.

Ова го изјави тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ во интервју за Моцарт спорт, најавувајќи со тоа ново засилување на тимот кој се пласираше во финалерто на ЕХФ купот.

Покрај хрватскиот голман Дино Славиќ, донесени се уште две засилувања – унгарскиот десен бек Доминик Мате од Елверум и македонскиот централен бек Мартин Карапалевски од Ваљадолид. Познато е дека и српскиот интернационалец Никола Зечевиќ доаѓа од Партизан.

Косуке Јасухира пристигна пред три недели од Кувајт и се покажа како одлично засилување, но дали јапонскиот играч ќе биде тука и следната сезона?

„Тој има договор во Кувајт со Бурган. Би сакале да го задржиме. Видовме колку ни значи против Целје. Би сакал, но… Ќе ни биде тешко да го направиме тоа.“, истакна Србинот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...