Се врати во Македонија: Талески ќе игра за ГРК Охрид

ГРК Охрид и Филип Талески постигнаа договор за соработка за сезоната 2026/2027 со можност за продолжување за уште една година. Искусниот македонски интернационалец е осмото засилување на тимот предводен од српскиот тренер Борис Ројевиќ, освојувач на Купот на ЕХФ минатата сезона.

Прегледи:

Датум:

ГРК Охрид и Филип Талески постигнаа договор за соработка за сезоната 2026/2027 со можност за продолжување за уште една година. Искусниот македонски интернационалец е осмото засилување на тимот предводен од српскиот тренер Борис Ројевиќ, освојувач на Купот на ЕХФ минатата сезона.

„Потписот за ГРК Охрид за мене претставува нов, голем предизвик и исклучително мотивирачки проект. Клубот покажа огромна желба, сериозна визија и амбиција кои целосно се поклопуваат со моите лични и спортски цели. Среќен сум што ќе го носам дресот на Охрид, клуб кој незапирливо расте и има фантастична публика. Охрид заслужува големи ракометни успеси, а јас сум тука да го дадам својот максимум на секој натпревар за да ги оствариме зацртаните цели на клубот како во домашното првенство, така и на меѓународна сцена“, изјави Талески.

Талески доаѓа од унгарски Татабања, со кого го играше финалето на Купот на ЕХФ против Охрид.

Тој дојде од академијата на Металург и рано замина за германскиот Рајн-Некар Левен, со кого ја освои титулата во Бундеслигата. Во Германија играше и за Балинген, а во текот на кариерата играше и за Вардар 1961 и Бенфика од Португалија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...