Браќата Стојановски продолжуваат со МЗТ СКопје

Обновувањето на соработката со Дамјан и Војдан Стојановски беше еден од главните приоритети на управата на кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона, соопштија денеска од клубот од Аеродром

Прегледи:

Датум:

Обновувањето на соработката со Дамјан и Војдан Стојановски беше еден од главните приоритети на управата на кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона, соопштија денеска од клубот од Аеродром.
За капитенот Дамјан ова ќе биде 14. сезона во сино-белиот дрес, во која ќе атакува на својата 12-та шампионска титула – сите освоени со МЗТ Скопје. Пред Војдан, пак, е шестата сезона во клубот, откако првпат се приклучи на почетокот на 2022 година.
„Продолжувањето на соработката со браќата Стојановски е уште една потврда на нашата клупска определба тимот да биде предводен од (нај)квалитетните македонски кошаркари“, стои во соопштението на „металците“.
Претходно, во клубот се врати репрезентативецот Лука Стојановски, а беше ангажиран и босанскиот интернационалец, Емир Крајиниќ.
Актуелен договор со МЗТ Скопје имаат уште Андреј Андоноски и Марин Петков, со што полека се пополнува ростерот за предизвиците што го очекуваат тимот во домашните натпреварувања, АБА2 лигата и во ФИБА Еврокупот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...