Седми медал за хрватските ракометари во историјата на Европските првенства, четврта бронза!

Прегледи:

Датум:

Во натпреварот за европската бронза, хрватските ракометари попладнево забележаа победа над Исланд со 34:33.

Ова е седми медал за хрватските ракометари во историјата на Европските првенства, со четвртата бронза (2026, 2016, 2012, 1994), заедно со три сребра (2020, 2010, 2008). Тоа беше и 16-ти медал за хрватските ракометари од големите натпреварувања, втор по ред по минатогодишното сребро од Светското првенство. Исланд остана со една бронза од Европското првенство 2010.

Хрватска до победата ја предводеше Тин Лучин со девет гола, додека Исланѓанецот Инги Омар Магнусон постигна 12 гола, од кои 10 беа од „седмерец“.

Подоцна, Данска и Германија се среќаваат во финалето. Двете селекции ја бркаат својата трета европска титула. До моментов, Данците победуваа во 2008 и 2012 година, а Германија беше најдобра во 2004 и 2016 година.

Фото: Јутјуб/Принтскрин/РТЛ

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...