Вујовиќ повторно на чело на Катар!

Легендарниот Веселин Вујовиќ (65) повторно ќе предводи репрезентација на најголемата можна сцена. Едно од најпрепознатливите ракометни лица повторно ќе седне на клупата на репрезентацијата на Катар, дознава Balkan-Handball.com!

Прегледи:

Датум:

Легендарниот Веселин Вујовиќ (65) повторно ќе предводи репрезентација на најголемата можна сцена. Едно од најпрепознатливите ракометни лица повторно ќе седне на клупата на репрезентацијата на Катар, дознава Balkan-Handball.com!

Вујовиќ отпатува во Доха каде што ќе ја преземе репрезентацијата што ја водеше во периодот 2024-2025 година и со која се натпреваруваше на Светското првенство во Хрватска во 2025 година. На тој турнир, Катар заврши на 21-то место.

Шпанецот Валеро Ривера се врати како замена за Вујовиќ кон средината на минатата година, но очигледно е дека второто место на Азиското првенство и поразот во финалето од Бахреин, по шест последователни златни медали на континенталното натпреварување, не ги задоволи Катарците…

Договорот меѓу Вујовиќ и Катар важи за Светското првенство во 2027 година, кое ќе се одржи во Германија.

Вујовиќ ги предводеше и селекциите на Иран, Словенија, Србија и Црна Гора на Светското првенство…

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...