Ливерпул, Јунајтед и Владата на Велика Британија против Маск, „Грок“ и „X “

Владата на Велика Британија изјави дека експлицитните и навредливи објави што циркулираат на „X“, генерирани од алатката за вештачка интелигенција „Грок“, а кои се однесуваат на трагедиите во Хилсборо, Хејсел, Минхен и смртта на Диого Жота и неговиот брат, се „неодговорни и болни“

Прегледи:

Датум:

Владата на Велика Британија изјави дека експлицитните и навредливи објави што циркулираат на „X“, генерирани од алатката за вештачка интелигенција „Грок“, а кои се однесуваат на трагедиите во Хилсборо, Хејсел, Минхен и смртта на Диого Жота и неговиот брат, се „неодговорни и болни“.

Владата вели дека објавите „одат против британските вредности и пристојност“. Сите тие се создадени од корисници на „X“ кои го замолиле „асистентот“ со вештачката интелигенција да креира вулгарни објави за Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Исто така, забележува дека ги креира објавите „без двоумење“.

И Ливерпул и Манчестер Јунајтед се пожалија кај раководителите на „X“, вклучувајќи го и самиот Елон Маск. Објавите циркулираа на мрежата со часови, а досега само некои од нив се отстранети.

Меѓу другото, во бројни објави се вели дека навивачите на Ливерпул се единствено одговорни за смртта на 70 луѓе во Хилсборо, дека Диого Жота го убил својот брат, а беа направени и исклучително навредливи објави за трагедијата во Хејсел и трагедијата на играчите на Јунајтед во Минхен.

Четботот „Грок“ „објаснил“ дека објавите се направени на барање на корисниците, дека немало цензура и дека некои објави биле избришани по жалбите.

Министерството за наука, иновации и технологија, исто така, во соопштението наведе дека услугите за вештачка интелигенција мора да работат во согласност со законите за безбедност на интернет.

Според Би-Би-Си, мрежата „X“ ги разгледува жалбите и целата ситуација.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...